Новите откритија на Техничкиот универзитет (ЕТХ) во Цирих би можеле да го променат начинот на кој се бараат контактите на коронавирусот на позитивно тестираните луѓе, бидејќи излезе дека тие се заразни многу порано отколку што се претпоставуваше.

Досега експертите поаѓаа од тоа дека инфицираните со коронавирус се заразни два дена пред да се појави болеста.

Новата анализа на научниците од ЕТХ покажа дека заразата се пренесува многу подолго.

„Нашите анализи покажуваат дека заразените можат да го пренесат вирусот до пет или шест дена пред да се појават симптомите“, рече Питер Ешкрофт од ЕТХ за швајцарскиот весник „Ное цирихер цајтунг“ .

Тој посочи дека за да се најдат сите контакти, треба да се испитаат до четири дена пред појавата на симптомите.