Државата Мичиген сака да гради автономни патишта на иднина. Тие позитивно одговорија на иницијативата на Alphabet, која сака овој проект да го претвори во реалност. Всушност, во позадина е трета фирма која сето тоа ќе го гради, но кога ќе се окрие кој стои зад се, во прашање е Alphabet, сопственикот на Google.

Како што е речено, државата Мичиген во САД сака да учествува во изградба на патишта на иднината, за автономните возила. Партнер на овој проект ќе биде фирмата која се вика Cavnue. Матичната компанија им е  Sidewalk Infrastructure Partners (SIP), која и сама е дел од Alphabet. Sidewalk Labs е лабораторија при Alphabet, која го развиваше и се уште го развива проектот Toronto Smart City.

Партнерството помеѓу компаниите и државата треба да провери дали е одржливо да се изгради коридор со должина од 40 километри, кој ќе го поврзе центарот на Детроит и Ан Арбор, со локалните одредишта како Универзитетот во Мичиген, аеродромот Метрополитен и централната станица во овој град. Во првата фаза на проектот ќе бидат тестирани потенцијалните технологии и дизајнот на патиштата. Во целиот проект ќе бидат вклучени и Ford, General Motors, BMW, Toyota и други компании. Целта е она што сега се развива како сообраќајница за автономни автобуси, еден ден да биде сообраќајница и за лични и товарни возила.

Државата Мичиген смета дека овој потфат е добар за нивното работење, целокупната економија и развојот на стандардот. Cavnue очекува дека почетната фаза ќе трае околу 24 месеци. Важно е да се напомене дека изградбата нема да почне додека оваа прва фаза не биде целосно готова.