Вселенската агенција активно набљудува чудна аномалија во магнетното поле на Земјата, односно огромно подрачје со понизок магнетен интензитет на небото помеѓу Јужна Америка и југозападна Африка.

Овој феномен, наречен Јужноатлантска аномалија (SAA), веќе со години ги збунува научниците. Сателитите се посебно чувствителни на намалената сила на магнетното поле во аномалијата, бидејќи поради тоа повеќе се изложени на честички од Сонцето, пренесува магазинот Science Alert.

Јужноатлантската аномалија генерално не влијае на животот на Земјата, но има ефект врз орбитите на вселенските летала, вклучувајќи ја и орбитата на Меѓународната вселенска станица.

Кога леталата ќе поминат низ аномалијата, може да дојде до дефект на нивните технолошки системи во случај да бидат погодени од високоенергетски протони, се наведува во статијата.

Се смета дека примарниот извор на аномалијата е вртлог на стопено железо во јадрото на Земјата. Движењето на таа вжарена маса создава електрични струи кои на Земјата предизвикуваат магнетно поле.

Иако оваа аномалија сè уште претставува голема мистерија за научниците, неодамнешни истражувања понудиле некој увид во причините и последиците за оваа необична појава.

Па така, студија на NASA во 2016. година открила дека аномалијата полека се движи во насока кон северозапад.

Извор: B92.net