Според најновите истражувања на светските научници, вселената би можела да има сферичен облик.

Последните мерења на опсерваторијата Planck покажуваат дека, ако патуваме доволно далеку во вселената, би можеле да завршиме на местото од каде што сме почнале. Ова од корен би го променило сето тоа што го знае човештвото за вселената, велат научниците.

Користејќи ја опсерваторијата Planck која била активна во периодот од 2009 година до 2013 година, научниците успеале да го мапираат вселенското микробраново позадинско зрачење, односно преостанатото светло од Големиот тресок. Сепак последните неколку набљудувања, укажале на тоа дека во вселената постојат повеќе феномени на гравитациски леќи. Гравитациските леиќи се закривени слики на некое небесно тело, пради влијанијата на гравитацијата на други масовни тела.

Астрофизичарот Алесандро Мелчиори, од Универзитетот „Сапијенца“ и неговите колеги пресметале дека причината на толкавата зачестеност на тој феномен, би можела да лежи во фактот дека обликот на вселената е поинаков од оној каков што сме го замислувале, пишува New Scientist.

Сите други космолошки податоци сугерираат дека вселената е рамна, како лист хартија. Сепак најновите мерења покажуваат дека би можела да биде „затворена“ или сферна, што би значело дека, ако патуваме доволно далеку во една насока, би завршиле таму од каде што сме го почнале патувањето.

Би требало да биде кружна, затоа што толкаво ниво на феномени на гравитациски леќи, подразбира присутност на дополнителни темни материи кои вселената би ги повлекла во облик на сфера. Според овие согледувања, веројатноста дека вселената е сферична, е 41 пат поголема од онаа дека е рамна.

„Ова се најпрецизните вселенски мерења и ни покажуваат поинаква слика за вселената“, вели Мелчиори.

Но, некои други научници сеуште се скептични по прашањето за кружната вселената и се сомневаат едка можеби станува збор за некоја статистичка грешка во моментите на пресметка.

„Ако тоа е вистина, тоа би имало длабоки последици по нашето разбирање на вселената“, изјавил астрофизичарот Дејвид Спергел од Универзитетот „Принстон“.

„Ова навистина се интересни тврдења, но не сум сигурен колку се потврдени овие податоци. Всушност би рекол дека сите други докази го тврдат спротивното. Ќе ни требаат повеќе години истражувања за да утврдиме дали треба оваа аномалија да се свати сериозно или се работи за статистичка грешка“, додал Мелчиори.

Ова е веќе втора криза во вселената во релативно кратко време. Пред два месеци научниците објавиле дека вселената се шири многу побрзо отколку што предвидуваа моделите, а никој не знае зошто.

Тим на астрономи дојде до ова сознание користејќи нова телескопска технологија со огледала кои го менуваат обликот. Според нивниата студија, вселената се шири за девет проценти отколку што предвидуваат компјутерите на темел на вселенскиот микроталосно позадинско зрачење.

Извор: Republika.rs