Претходно во текот на минатата година, Извршниот директор на Facebook, Марк Цукерберг ја најави идејата за интеграција на Messenger, Instagram Direct и WhatsApp во единствена платформа за размена на пораки. Планираното обединување би требло да овозможи размена на пораки помеѓу споменатите сервиси, со поддршка за end-to-end енкрипција.
Сега, новите извештаи споменуваат дека социјалната мрежа почнала со спојување на Instagram и Messenger, како прв чекор во посериозните напорни споменатите три сервиси во иднина во целост да се комбинираат.
Ова е забележано на Android и iOS платформите во САД, но засега не е познато дали опцијата им е достапна на сите или само на лимитиран број корисници на почетокот. Со интеграцијата пристигнуваат и некои нови функции, како што се новите бои за разговори, реакции преку емотикони, одговарање со помош на свајпање и вкрстено четување со Facebook корисниците.
Останува да се види дали FTC (Federal Trade Commission) ќе се вмеша и ќе го забрани ова обединување на сервисите, поради загриженост за повреда на антимонополските регулативи.