На 15.09.2021 (среда) во објектот „Кино Манаки“ на ЈОУ Културен и Информативен Центар Битола во 12 часот ќе се одржи презентација на видео играта „The Rude Awakening”. Играта, која нè враќа во животот на војниците за време на Првата светска војна по повеќе од една година работа ќе ја има својата премиера.

Видео играта е од едукативен карактер и го претставува секојдневниот живот на војниците за време на Првата светска војна. Играта ја реализираше креативниот центар од Рим Centounopercento – 101% на иницијатива на Фондацијата Белведере-Гшвент (Лавароне, Италија), како носител  на  овој проект. Уметнички и креативни директори на проектот се Ренцо Карбонера и Даниеле Азара. Видео играта претставува мултимедијално патување и откривање на животот на фронтот од првата светска војна.

Конзорциумот од девет европски партнери кои работеа на овој проект го сочинуваат: дигитална компанија специјализирана за видео игри и виртуелна реалност, Centounopercento – 101% студија; три музеи / центри поврзани со темата вооружен конфликт: Форте Белведере во Италија, Горњесавски Музеј во Словенија и Македонскиот центар за фотографија во Република Северна Македонија; четири здруженија и невладини организации кои се занимаваат со теми на сеќавање и мир преку активности за промоција на културата – ALDA (Франција), Memoire pour la vie (Франција), Светот на невладини организации (Австрија) и Danube Connects(Германија); и  Општина Лавароне, домаќин на проектот.

Да ги приближиме младите до историјата

Како ги приближувате помладите генерации до музеите? „Со иновативни и интерактивни проекти кои вклучуваат многу млади во нов и сè понеопходен образовен процес“, вели Ренцо Карбонера, уметнички директор на иницијативата. Можеме да ја користиме видео играта како алатка за пренесување важни пораки, подигнување на свеста и информирање за основните историски настани како што е Првата светска војна, направивме игра без да испукаме ниту еден куршум” – продолжува Даниеле Азара, креативен директор” и навистина се надеваме дека ќе видиме повеќе игри од ваков карактер.

„The Rude Awakening”  e мултимедијално патување по стапките на секојдневниот живот на војниците на фронтот од Првата светска војна, ја раскажува историјата со поглед кон иднината. Видео играта  е создадена како резултат на синергијата помеѓу неколку европски субјекти и има за цел да го опише драматичниот конфликт од Првата светска војна меѓу европските нации. Постојат многу начини за враќање, заштита и подобрување на сеќавањата за нашето минато како што се видео игри и виртуелна реалност.

Целта на играта е новите генерации да се запознаат со историјата, да се подигне свеста кај младите луѓе на возраст од 13 до 20 години на тема војна и мир. Почнувајќи од септември, играта ќе биде достапна во сите музеи  на проектните партнери во Австрија, Словенија и Северна Македонија. Ќе биде достапна на пет јазици: англиски, италијански, француски, германски и македонски со четири нивоа на играње за време од пет часа игра. Играта ќе биде достапна на интернет на почетокот на 2022 година.

„The Rude Awakening“ европски проект

Освен што е игра за Првата светска војна: „The Rude Awakening“ исто така совршено го отелотворува европскиот дух врз кој се темели дејствувањето на Форте Белведере, првата меѓународна фондација во провинцијата Тренто, Италија. Всушност, проектот настана како резултат на соработката меѓу девет европски партнери како иницијатива со цел  да се зајакне соработката меѓу европските држави и да се спречи повторување на војната.

„The Rude Awakening  – мултимедијално патување по стапките на секојдневниот живот на војниците на фронтот од Првата светска војна“ е проект кофинансиран од програмата МЕДИА на Европската унија, потпрограма на Креативна Европа.