Максимална продуктивност и поврзаност со новата Note20 серија на телефони и Galaxy екосистемот на производи.

Компанијата Samsung Electronics Co., Ltd. денес го организираше првиот виртуелен Galaxy Unpacked настан во својата историја, пренесуван во живо од Јужна Кореја. Во таа прилика претставени се дури пет нови уреди: Galaxy Note20 и Note20 Ultra – најмоќните Note телефони досега, Tab S7|S7+ – повеќенаменски таблети за поголема продуктивност и креативност, Galaxy Watch3 – премиум паметен часовник со напредни здравствени опции, потоа Galaxy Buds Live – модерни ергономски слушалки со врвен квалитет на звукот и Galaxy Z Fold2 – нова, унапредена генерација на паметни телефони на преклоп.

„Човекот денес повеќе од било кога се потпира на технологијата – таа нам ни овозможува да сме поврзани и да ги надминеме секојдневните предизвици со кои се соочуваме“, изјави Dr. TM Roh, претседател и директор на одделението за мобилни комуникации во компанијата Samsung Electronics.

„Технологијата треба да го олесни животот на нашите корисници и тоа е причината поради која ги претставивме овие пет иновативни уреди. Поединечно, тие се моќни алатки за поефикасна работа и подобра забава за корисниците. Заедно, како дел од Galaxy екосистемот, функционираат беспрекорно, овозможувајќи им на корисниците да се фокусираат на она што им е најважно.“

Galaxy Note20 серија – најмоќниот Note уред досега

Најмоќната Note серија досега се одликува со неверојатна продуктивност – ги има сите особини на компјутер и им овозможува на корисниците да уживаат во играњето игри како вистински професионалци. Во серијата се два уреди: Galaxy Note20 Ultra, дизајниран за љубителите на оваа серија, кои го бараат максимумот од перформанси и продуктивност, како и Galaxy Note20, за пошироката група на Note корисници, кои сакаат да уживаат во врвните функции за работа и забава.

Нови можности за работа

Galaxy Note20 серијата потполно го менува начинот на работа, овозможувајќи им на корисниците да направат повеќе, било кога и било каде. Заштитниот знак на оваа серија е новото S Pen пенкало, како и Samsung Notes апликацијата, кои се достапни и кај таблетите Tab S7|S7+. Додатно, соработката со долгогодишниот партнер, компанијата Microsoft, прави Note20 и Windows компјутерите да бидат ускладени и заедно да функционираат беспрекорно.

– Унапредено S Pen пенкало: Омилено кај сите Note фанови и љубители на мултитаскингот, S Pen пенкалото на Galaxy Note20 серијата нуди врвно искуство во пишување при секој налет на инспирација. Новото пенкало е попрецизно од било кога, а новата Anywhere опција го прави неговото користење во било која апликација полесно и поефикасно.

– Samsung Notes за поголема флексибилност: На корисниците им се потребни алатки кои им овозможуваат да работат на било кој уред, било кога и било каде. Благодарејќи на Samsung Notes опциите, кои автоматски ги конвертираат неуредните белешки во разбирливо испишан текст, сега е можно со леснотија да запишувате, поправате и споделувате идеи преку телефон, таблет или компјутер. Samsung Notes исто така може да конвертира документи во PDF или Microsoft PowerPoint формати, а нуди и нова опција за поправање и обележување внатре во текстот во овие формати. На крајот, сите белешки ќе бидат максимално организирани, благодарение на интуитивниот и едноставен систем за управување со датотеки.

– Smart-working на повеќе различни уреди: Со подобренaтa Link to Windows опција, корисниците сега можат да пристапат на своите мобилни апликации директно преку компјутерот кој користи Windows 10 оперативен систем. Подоцна во текот на оваа година, ќе биде можно и стартување на повеќе апликации на компјутер истовремено. Корисниците сега можат да креираат кратенки кон апликациите и содржината на своите телефони на Windows 10 компјутери. Исто така, сите уреди ќе бидат меѓусебно ускладени, благодарејќи на синхронизацијата на Samsung Notes со Microsoft OneNote и Outlook, како и Reminders апликациите од Microsoft Outlook, To Do и Teams.

Забава без граница

Партнерството со компанија Microsoft доаѓа до израз и во забавниот аспект на Galaxy Note20 серијата. Корисниците можат во потполност да се препуштат на најмоќното гејминг искуство кое Samsung го има овозможено досега на мобилен телефон, играјќи игри како професионалец. Note20 серијата носи нови, врвни перформанси и поврзаност, на најдобриот дисплеј досега. Покрај тоа, тука се и професионалните алатки за правење фасцинантни фотографии и видео записи.

– Омилените Xbox игри: Почнувајќи од 15. септември, на корисниците ќе им биде овозможено играње на омилените игри со компјутер и конзола со Xbox Game Pass Ultimate, кој што нуди пристап до базата од преку 100 популарни игри вклучувајќи ги Minecraft Dungeons, Forza Horizon 4, како и Gears of War 5: Ultimate Edition. Благодарение на големиот дисплеј и како никогаш досега брзиот процесор, акцијата тече глатко, а гејминг искуството дополнително е подобрено со опциите на база на вештачка интелигенција и Bluetooth оптимизација.

– Снимање филмови на дланка: Во сооднос од21:9 и снимање од 24fps, камерата на Galaxy Note20 серијата со 8K резолуција, овозможува правење на видео снимки со филмски квалитет. Благодарејќи на моќниот Pro Video режим со професионален фокус, звук, експозиција, осветлување и можности за зумирање со правење на снимки од 120fps во FHD резолуција, корисниците пред себе имаат навистина автентично видео искуство. Освен тоа, сега можат да го контролираат и подесуваат и микрофонот, насочувајќи го како и каде сакаат, а во комбинација со Galaxy Buds Live слушалките, можно е да снимите кристално чисто звук, без позадински шумови.

– Мултитаскинг со унапреден Samsung DeX:  Samsung DeX сега за првпат нуди безжично поврзување на  Note20 уредите со паметен телевизор, тогаш кога на корисниците им е потребен поголем екран за допишување со пријателите додека играат игри или споделуваат најнови видео содржини во реално време.

Моќ и врвни перформанси како дел од Galaxy традицијата

Galaxy Note отсекогаш важел за моќен телефон со исклучителни перформанси, а Note20 серијата ја продолжува таа традиција, нудејќи им го на корисниците сѐ она што го очекуваа од Galaxy уредите. Note20 линијата го поседува најбрзиот процесор во историјата на Galaxy екосистемот и ги спојува врвната технологија со најдоброто мобилно искуство во класата, без жртвување на врвниот дизајн на кој се навикнати корисниците. Note20 и Note20 Ultra доаѓаат во нежни, неутрални тонови, кои ги надминуваат актуелните трендови, со завршен мат слој кој што ги неутрализира отисоците на прстите и трагите.

За прв пат во Note серијата, Galaxy Note20 Ultra се одликува со Dynamic AMOLED 2X дисплеј и стапка на освежување од 120Hz, кој автоматски се прилагодува на содржината која што ја прикажува, за батеријата да трае што подолго. Со паметната, долготрајна батерија и можностите за супер-брзо полнење за повеќе од 50% капацитет за само 30 минути, корисниците повеќе не мораат да се грижат за тоа дали ќе им се исклучи телефонот.

Истотака, Samsung и понатака останува лидер на полето на 5G технологијата со хипер брза 5G конекција. Galaxy Note20 уредите автоматски пребаруваат и препорачуваат мрежи со најголем проток, како и стабилни Wi-Fi 6 конекции за различни стриминг услуги. Кога е во прашање сигурноста, корисниците можат да бидат уверени дека уредот им е безбеден благодарение на Samsung Knox системот.

Уште еден новитет е и Nearby Share функцијата која овозможува брзо и лесно споделување содржини помеѓу телефонот кој користи Ultra-wideband технологија (UWB). Со едноставно спарување на Note20 Ultra со друг Galaxy уред со UWB опција, Nearby Share автоматски ќе ги излиста контактите со кои корисникот може да споделува содржини.

Нови искуства со поврзан Galaxy екосистем

Уредите и услугите на Samsung се дизајнирани да функционираат заедно без потешкотии. Note20 ќе добие ново лице кога ќе се спари со другите новитети од Samsung Galaxy семејството: Galaxy Tab S7|Tab S7+, Galaxy Watch3 и Galaxy Buds Live. Благодарејќи на овие врвни уреди, корисниците можат да работат попаметно, да играат подолго, да живеат поздраво и да комуницираат подобро.

Galaxy Tab S7Tab S7+, мултифункционални таблети за подобра продуктивност и креативност

Овие два нови мултифункционални уреди комбинираат во себе можности на компјутер, флексибилност на таблет и поврзаност на паметен телефон. Двата таблети се одликуваат со најновиот процесор и можност за 5G мрежа, како и голем дисплеј од 11, односно 12,4 инчи, со стапка на освежување на екранот од 120Hz. Galaxy Tab S7|S7+ доаѓаат со тастатура, унапредено S Pen пенкало и Samsung Notes функции како на Note20 серијата, за искуство налик на компјутерското.

Меѓусебното споделување на податоци на Tab S7|S7+ таблетите со други уреди сега е уште полесно: корисникот може лесно да ја пронајде достапната Wi-Fi конекција со помош на Auto Hotspot опцијата, која ќе ги детектира и останатите Galaxy уреди. А со Nearby Share, содржината со неверојатна леснина се споделува со најблиските контакти. Екранот на таблет-уредот може да се прошири и со Samsung компјутер по пат на Second Screen можноста, која го дуплира или го проширува екранот. Алатките како Samsung Notes, S Pen пенкалото, Book Cover тастатурата и Bluetooth глушецот го заокружуваат корисничкото искуство, кое е попродуктивно како никогаш досега.

Galaxy Watch3 – премиум паметен часовник со унапредени здравствени функции

Galaxy Watch3 е паметен часовник на новата генерација за одржување на рутината, кондицијата и здравјето. Изработен од најквалитетни материјали и тенка верзија на ротирачката рамка, Galaxy Watch3 комбинира луксуз и удобност за носење во текот на целиот ден и ноќ. Сепак, овој паметен часовник не е привлечен само визуелно, туку презема и главна улога во создавањто на лично фитнес искуство и подобрување на кондицијата.

Корисникот со помош на Blood oxygen (SpO2) можноста може да ја провери заситеноста на кислородот во текот на тренингот. Во случај на физички пад, Galaxy Watch3 ќе го детектира и ќе прати SOS нотификација до одбраните контакти за да може веднаш да се укаже помош. Со алатката за анализа на трчањето корисникот добива моменталниинформации во текот на трчањето, како и пропратни извештаи кои ќе помогнат во подобрување на кондицијата и намалувањето на потенцијалните повреди, додека потрошувачката на кислородот се мери со VO2 анализата на податоци. Корисникот во својот дом може да креира и свое сопствено фитнес студио со помош на Samsung Health апликацијата, која содржи збирка со повеќе од 120 различни видео вежби.

Galaxy Buds Live – модерни ергономски слушалки со извонреден квалитет на звукот

Samsung го претстави и својот најнов модел на безжични слушалки – Galaxy Buds Live. Благодарејќи на големите AKG звучници и бас канали од 12mm, звукот е сега богат и повеќеслоен. Galaxy Buds Live доаѓаат со дури три микрофони и Voice Pickup единица. Овие слушалки поседуваат и Active Noise Cancellation опција за отстранување на околната врева.

Направете го невозможното возможно со Galaxy Z Fold2

По претставувањето на два различни преклопни уреди и собирањето на впечатоците од корисниците, Samsung го дизајнираше Galaxy Z Fold2. Овој иновативен телефон доаѓа со два  Infinity-O екрани, скоро без рабови, со димензии 6,2 и 7,6 инчи, што го прави значително поголем од претходниот Galaxy Fold модел. Комбинирајќи прецизна технологија и несекојдневен дизајн, Galaxy Z Fold2 е достапен во црна и бронзена боја, а многу од опциите на уредот поттикнуваат партнерство со компаниите Google и Microsoft.

За сите корисници кои бараат единствен премиум дизајн, Samsung повторно ги здружи силите со модната куќа од Њујорк, Thom Browne, создавајќи ја лимитираната серија Galaxy Z Fold2 Thom Browne.

Достапност

Galaxy Note20 серијата ќе биде достапна на домашниот пазар од 21. август, 2020. година.

  • Galaxy Note20: Мистично бронзена, Мистично зелена, Мистично сива
  • Galaxy Note20 Ultra: Мистично бронзена, Мистично црна, Мистично бела

Доколку ги нарачате Samsung Galaxy Note20 или Note20 Ultra однапред, во текот на траењето на промотивниот период од 5. до 20. август 2020. година, како подарок добивате нови безжични слушалки Galaxy Buds+ или Galaxy Buds Live, во зависност од избраниот модел. Повеќе информации ќе пронајдете на: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-note20

За повеќе информации за најновите уреди и спецификации посетете ja: www.news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или www.samsung.com/galaxy.