Не постои сомнеж дека Америка е фасцинирана од неидентификувани летечки објекти, т.е НЛО. Како и да е овој феномен е забележан далеку надвор од границите на Америка, и претставува глобална појава.

Иако некои го асоцираат терминот со вонземјани, сепак тој едноставно означува воздушни летала за кои немаме објаснување. Едно од објаснувањата е тоа дека тие се напредна технологија од човечко потекло, кои што може да претставуваат закана, па затоа е тешко да се исклучи можноста дека овие летала се безопасни, вели Елизандо, поранешен шеф на највисоката американска владина агенција назначен да ги истражува овие НЛО-а.

Евалуацијата на потенцијалните закани од НЛО треба да предизвика соработка на лидерите ширум светот, рече Елизандо, кој го напушти Пентагон во 2017 година и сега е директор за глобална безбедност и специјални програми на Академијата за уметности и науки, приватна агенција која бара докази за НЛО.

“Мислам дека дојде моментот кога е неразумно да се сомневаме дека постојат овие работи“, рече Елизандо. „Знаеме дека се таму – имаме некои од најдобрите технологии во светот што го потврдија нивното постоење“. Но, од каде потекнуваат овие нешта, кои се нивните можности и кои се намерите на тој што ги испратил? Елизандо и другите експерти разговараат на овие прашања во втората сезона од серијалот “Неидентификувани: Во рамките на истрагата за НЛО во Америка“.

Во новата сезона на шоуто, Елизондо и Крис Мелон, поранешен заменик помошник секретар за одбрана и разузнавање, ги разгледуваат искуствата на очевидци и други докази за интригантни, необјаснети видувања од страна на воениот персонал и цивилите, според веб-страницата на сериите.

Американската влада е запознаена со овие феномени или НЛО уште од 1950-те години: во “Сината книга на воздухопловните сили“ (Project Blue Book), од 1952 до 1969 година и преку Националната комисија за истраги за воздушни феномени (НИКАП), федерална агенција која состави извештаи за сведоци за НЛО-судири од 1950-тите до осумдесеттите.

Project Blue Book испитуваше повеќе од 12.000 извештаи за НЛО. Повеќето од нив се покажаа како погрешно идентификување на авиони, временски балони, облаци или ѕвездена светлина, но 700 инциденти останаа нерешени.

Долготрајната стигма и владините тајни околу НЛО ги охрабрија луѓето да ги отфрлат овие феномени како измама или шега. Но, сè додека потеклото и можностите на дури неколку од овие објекти останат непознати, би било глупаво да не ги сфаќаме сериозно, објасни Елизандо.

“Има нешто на нашето небо и не знаеме што е тоа, не знаеме од каде е. Дали тоа е проблем? Од гледна точка на националната безбедност, да, тоа е проблем“, рече тој. “Треба да разбереме што се тие, за да донесеме одлука дали тие се закана“.

Елизандо, поранешен воен разузнавач, ја водеше Програмата за идентификација на заканите од воздушниот простор на Пентагон (ААТИП), која се формираше во 2007 година за да се испитаат извештаите за необјаснети воздушни видувања, претходно објави Live Science.

Како и кај “Project Blue Book“, голем број на НЛО случаи на ААТИП се покажаа како погрешни идентификации или технички дефекти – но некои НЛО останаа неидентификувани. Со текот на времето, вмешаноста на Елизандо со ААТИП го доведе до сознание дека бирократијата на системот ја изневеруваше јавноста, чувајќи ги како тајни информациите за НЛО и ги минимизираат ризиците што може да се појават.

“Тоа е навистина она што ме натера да си дадам оставка“, додаде Елизандо.