Google својата Pixel 4 линија телефони ја опреми со 90Hz OLED панели, а компанијата за оваа година изгледа планира на новите телефони да користи 120Hz OLED екрани.
Според наводите на аналитичарот Рос Јанг, Google планира за Pixel 5 да користи 6.67-инчен 120Hz OLED панел. Компанијата со дисплеи ќе ја снабдуваат Samsung и BOE. Останува да се види дали Google ќе имплементира варијабилна стапка на освежување, што би овозможило добри перформанси и подолг работен век на батеријата.
Некои гласини сугерираат дека Google во Pixel 5 нема да ја користи Motion Sense технологијата и дека ќе се одлучи за punch-hole дисплеј, со што истовремено ќе се намалат и рамките околу екранот.
Google веќе го навести Pixel 5 во текот на оваа недела, а покрај овој модел, компанијата се подготвува и за објава на Pixel 4a (5G) телефонот.
Поврзани артикли