Со цел на корисниците да им овозможи увид во времето поминато на мобилниот телефон, Google ја објави апликацијата Digital Wellbeing, која според потребата може дури и да забрани стартување на апликации.

Во денешно време, смартфоните се моќни речиси како и компјутерите и постојано се со нас. Поради тоа, често и прекумерно го користиме, но тоа не се препорачува поради можните проблеми со видот.

Бидејќи времето поминато со мобилниот брзо проаѓа, без тоа воопшто да го забележиме, Google смисли посебна аплиакција со која им овозможува на корисниците увид во времето кое го поминале на телефонот, односно колку време потрошиле на неговото користење. Името на апликацијата е Digital Wellbeing и може да се преземе преку Google Play продавниците, но тоа можат да го сторат само корисниците кои имаат најнови Pixel модели, или некој друг уред од Android One програмата со Android 9.0 Pie.

Digital Wellbeing, покрај времето на користење на мобилниот, детално прикажува и други податоци, како на пример вкупното време колку бил вклучен екранот, колку известувања сте добиле и колку пати сами сте го отклучиле уредот. Исто така детално, точно во минута може да ви открие колку време сте потрошиле на гледање на Netflix, YouTube, допишување преку Facebook или WhatsApp и други апликации.

За да ве охрабри на поумерено користење на мобилниот телефон, Google овозможи поставување на лимит за тоа која апликација колку долго може да се користи. Откако ќе истече времето за користење на некоја апликација, истата не е можно повторно да се стартува, за што Digital Wellbeing ќе се извести со порака на екранот.

Google ја додаде и опциката наречена Wind Down, која овозможува одредување од кои апликации сакате да продолжите да примате известувања во текот на ноќните часови, а од кои не. Исто така, Wind Down може автоматски во одредено време да го префрли екранот во црно-бел начин на работа.