Минатиот месец се појавија извештаи кои укажуваа на тоа дека Redmi K30 Pro би можел да пристигне како член на Poco семејството. Потоа генералниот менаџер на Poco India дивизијата ги отфрли овие гласини, истакнувајќи дека нема планови за тоа Redmi K30 Pro да се објави како Poco F2 или X2 Pro.

Сега се појави нов листинг, во рамките на Google Play базата, кој покажува дека Redmi K30 Pro ќе се појави како Poco F2 Pro. Останува само да се види кои пазари ќе ја добијат Poco F2 Pro верзијата на телефонот.

Ќе видиме какви планови има Poco брендот, а претходно беше сугерирано дека следниот уред на бренодт ќе пристигне по повисока цена во однос на оригиналниот Pocophone F1. Меѓутоа, тоа засега е единствениот конкретен детал познат за телефонот. Poco исто така планира да ја прошири понудата во рамките на брендот, која ќе биде побогата и за TWS слушалки.