Американската вселенска агенција NASA објави видео на кое Сонцето е сино.

Всушност, оваа боја на Сонцето се должи на снимањето на активноста на сончевото магнетно поле. Снимките на крајот на минатиот месец ги направи сателит на Опсерваторијата за соларна динамика (SDO).

Видеото беше снимено со помош на длабок ултравиолетов спектар и обоено во сино, за да овозможи да се види една област на соларната активност.