Меѓународниот аеродром во Дубаи, што е раскрсница за воздушните правци меѓу Европа и Азија, ја заврши 2017-тата на позиција на светски лидер по обем на меѓународните патници. Минатата година 88,2 милиони патници поминале низ терминалите на аеродромот „Dubai International (DXB)“ наспроти 83,6 милиони во 2016 година.

Ова е пораст од 5,5% и е “подобрен рекорд веќе четврта година по ред”. За успехот на аеродромот придонел и фактот дека сите летови на Emirates Airlines пристигнуваат и полетуваат од Терминал 3 на DXB, а летовите на други компании полетуваат од Терминал 1. Emirates Airlines превезувал 59 милиони патници само минатата година, а ја прошири и својата мрежа до 156 дестинации, откако склучи партнерство со нискотарифните Flydubai. Авиокомпанијата доби 21 нов авион со кои флотата веќе им брои 269 авиони.