На најголемиот Светски саем за прозорци, врати и фасади во Нирнберг минатиот викенд беше промовирано најновото достигнување во оваа област – паметните прозорци Geneo Inovent со автоматски вентилациски систем.

Се работи за прозорци кои го проветруваат просторот и кога е затворен, а истовремено го намалуваат губитокот на енергија како и емисијата на врева.

По паметните телефони и телевизори, на пазарот сега ќе бидат достапни и паметни прозорци. Оваа иновација е производ на германската компанија Rehau, која ги нарекува прозорци на иднината.

Прозорецот наизменично го пропушта воздухот од просторијата надвор, а свежиот го уфрла во просторијата и го догрева или лади доколку температурата надвор е пониска или повисока од онаа која е во просторијата.

Благодарение на интегрираните сензори кои ја мерат влагата и содржината на јаглерод диоксид во воздухот, овој прозорец самостојно одлучува кога и со кој интензитет го применува својот вентилациски систем.

Паметните прозорци содржат и дигитална заштита од сонце и погледи, автоматски се затемнуваат доколку некој однапред се задржува подолго од 30 секунди, а со нив се управува не само преку рамките, туку и директно преку прозорското стакло чувствително на допир.