Според зборовите на Ролф Михл, директор за маркетинг во Audi и шеф на продажба, сите идни RS модели на марката ќе бидат електрифицирани.
Во интервју за порталот Autocar, Михл ги открива плановите на Audi кои вклучуваат благ хибриден, plug-in хибриден и електричен погон.
Интересно, но RS6 Avant е засега единствениот електрифициран автомобил. Во овој караван со високи перформанси, Audi спарил 48-волтен благ хибриден систем со 4.0-литарски twin-turbo V8 мотор кој развива 591 КС и 800 Nm вртежен момент.
Автомобилот од 0 до 100 km/h забрзува за 3,6 секунди пред да достигне максимум од 250 km/h. Моќта се пренесува преку 8-степен Tiptronic менувач и Quattro погон на сите тркала.
Како и да е, Audi полека го развива својот план да понуди plug-in хибридни и целосно електрични RS модели кои на пазарот треба да стигнат до 2023 година во форма на plug-in хибриден RS4 и E-Tron GT RS.