Следниот месец NASA ќе го лансира најнапредниот ласерски инструмент досега, кој ќе започне мисија за да ги измери промените кои настануваат со топењето на поларниот мраз на Земјата.

Сателитот ICESat-2 детално ќе ја измери годишната просечната промена на мраз кој ги покрива Гринленд и Антартика – при што е предвидено во секоја секунда тој да земе околу 60,000 мерки.

“Новите набљудувачки технологии на ICESat-2, врвната препорака од страна на научната заедница на NASA, ќе го унапреди нашето знаење за тоа како мразот на Гринленд и Антартика придонесува за нараснувањето на нивото на морињата“, изјавил Мајкл Фрајлих, директор при NASA.

Се очекува сателитот да ја подобри 15-годишната дејност на NASA во поглед на набљудувањето на промените во висината на поларниот мраз, која започна во 2003 година со првата ICESat мисија и продолжи во 2009 година со Операцијата IceBridge, истражувачка кампања која исто така го набљудуваше забрзаното темпо на промена.