Научниците го открија најстуденото место на нашата планета Земја каде што доколку човек би вдишил неколку пати, би можел да настрада.

Екстремно ниската температура од -97 степени Целзиусови научниците ја измериле на Антартикот за време на долгата и мрачна зима.

„Тоа место според условите за живот е најблиску до условите за живот кои што ги има некоја друга планета“, изјави лидерот на студијата, Тед Скамбоз, истражувач при Националниот центар за снег и мраз на Универзитетот во Колорадо, САД.

Оваа рекордно ниска температура го собори рекордниот минус измерен на руската станица „Восток“ оддалечена на околу 1,300 километри од Јужниот пол. Во 1986-та година на ова место научниците измериле температура од тогаш рекордни 88,8 степени Целзиусови под нулата.

Научниците откриваат дека толку студен воздух не може да се вдишува подолго време, односно доволно е просечен човек неколку пати да вдиши и тоа би било доволно за да добие крварење во белите дробови, по што настанува смрт. Поради тоа, руските научници носеле специјални маски кои што го загреваат воздухот пред да го вдишат.

Иако површината на источниот антартички леден појас изгледа како рамна површина, таа всушност од центарот се спушта кон рабовите. Руската истражувачка станица „Восток“ е сместена на околу 5 километри од врвот, па екипата на Скамбоз верува дека температурата на највисоките делови од плочата може да е уште пониска.