Грчкиот оверклокувач OGS успеа да постави два нови светски рекорди со графичката картичка Galax RTX 4090.

За време на поставувањето на најновиот светски рекорд за оверклокување, користен е моделот на графичкиот процесор Galax RTX 4090 Hall of Fame, кој се напојува преку два конектори 12VHPWR.

Овој оверклокиран графички процесор може да постигне брзини кои се над 1GHz повисоки од стандардните за графичките картички RTX 4090.

Постигнат е нов рекорд од 3700 MHz со ладење со течен азот (LN2), а рекорди се постигнати за 3DMARK Port Royal и GPUPI.

Споменатите рекорди беа поставени на систем кој користеше DDR5 меморија, процесор Intel i9-13900K и матична плоча ASUS ROG Maximus Z790 Apex.

Како што стои, Galax RTX 4090 Hall of Fame моментално е најмоќната графичка картичка RTX 4090 ориентирана кон оверклокување достапна на пазарот.

Во наредните недели се очекува да бидат срушени уште некои светски рекорди во оверклокување, бидејќи на пазарот има се поекстремни модели на графички картички RTX 4090.