Филијалата на Xiaomi, Redmi за неколку дена ќе го претстави Redmi 9 Prime телефонот. Сега е потврдено дека уредот ќе има FullHD+ дисплеј, а оваа информација пристигнува од претставник на Xiaomi дивизијата во Индија.
Компанијата се уште не ги објави целосните спецификации на смартфонот, но се сугерира дека би можел да има Helio G80 чипсет и екран со дијагонала од 6,53 инчи.
За фотографирање, Redmi 9 Prime би користел вкупно пет камери: 8MP селфи, 13MP главна камера на задната страна, како и 8MP ултраширок, 5MP макро и 2MP сензор за длабочина. На задната страна се очеккува и сензор за отпечатоци од прсти.
Redmi 9 Prime би требало да има 5020mAh батерија, со поддршка за 18W полнење преку USB-C портот.
Поврзани артикли