VKworld T2 Plus е новиот хит на светскиот пазар на смартфони. Не поради којзнае каквите перформанси, туку поради навистина необичниот изглед, кој во многу нешта потсетува на првите генерации мобилни телефони.

Овој модел е опремен со два 4,2-инчни екрани лоцирани на надворешната и внатрешната страна. Ова ви овозможува да го користите телефонот и во преклопена состојба за повеќето дневни задачи, а на отворено полесно да може да разговарате додека го имате во рака.

IPS-екраните се со резолуција од 1280×768 пиксели, а задниот поклопец на телефонот е направен од кожа. Уредот може да се контролира или преку допир или преку физичка тастатура. VKworld T2 Plus доби четири-јадрен процесор MediaTek MT6737, 3 GB RAM меморија, 32 GB диск, 13-мегапикселна камера и батерија од 2.000 mAh. Уредот работи со Android 7.0 Нугат.