Веќе извесно време, iPad се смета за своевиден преносен компјутерски уред на иднината, а со доаѓањето на Apple Magic Keyboard додатокот и новите функции што ги воведе iPadOS 14, тоа е се поочигледно. Меѓутоа, изгледа дека Apple има уште порадикални идеи во својот инвентар, а сега е откриен патент кој прикажува два iPad уреда споени заедно, како се користат како компјутер со два екрана.

ipad2_11.jpg

Патентот под името „Модуларни електронски уреди со повеќекратен екран“, за кој Apple поднесе барање кај USPTO организацијата, го опишпува начинот на поврзување на два iPad-и (или електронски уреди со дисплеј) преку дополнителна опрема, со што целокупниот систем изгледа како лаптоп. Кога се поврзани, еден од уредите може да се користи како екран, додека другиот може да се користи како дигитакна тастатура или тракпад за внес.

ipad3_5.jpg

Дополнителните фотографии објавени во патентот, подетално опишуваат како овој систем би можел да функционира.