Откако Razr 2019 ја заживеа легендарната Razr серија на Motorola, компанијата е подготвена да го претстави наследникот на овој преклопен телефон и во 2020. година. Сега дојавувачот @evleaks овозможува увид во Razr 2020 преку рендери на уредот.

Фотографиите на Razr 2020 телефонот покажуваат доста сличности со неговиот претходник. Вкупните димензии се слични, тука е истиот засек во врвот на главниот екран, а изгледа дека долниот дисплеј е намален. Капацитативниот сензор од отпечатокот од прст е отстранет, што значи дека би можеч да биде сместен под дисплејот или од страна, во копчето за вклучување.

Надворешниот дисплеј делува неизменето, додека под него има две камери. Според гласините, ова ќе бидат 48MP и 20MP камери. Овоj пат, се очекува и помоќен чипсет во срцето на телефонот.

Кога е во прашање името, досега се појавуваа различни решенија, од Odyssey (што е најверојатното кодно име на уредот) до Razr 5G и Razr 2020 имињата. Останатите детали на телефонот вклучуваат 256GB простор за складирање, поддршка за 18W полнење и nano-SIM картички и нова Mercury Silver боја.