Samsung својата Galaxy S20 серија, заедно со Galaxy Z Flip флексибилниот телефон, ќе ја претстави на 11. февруари во рамките на настанот Unpacked во Сан Франциско. Официјалниот сајт на компанијата сугерира и кога телефоните би можеле да се најдат во продажба.

Јужнокорејскиот гигант креираше страница за регистрирање, каде што е можно да се внесе мејл адресата на оние кои се заинтересирани за купување на некои од престојните премиум модели (Next Galaxy). Страницата за регистрација споменува дека испораката почнува од 6. март додека ќе траат залихите (во меѓувреме ова е изменето). Тоа секако важи за преднарачките на S20, S20+ или S20 Ultra телефоните.

Останува да се види дали истиот датум ќе биде применет и за Galaxy Z Flip, а претходните извештаи сугерираа дека овој флексибилен смартфон ќе почне да се испорачува набрзо по претставувањето и пред S20 линијата (14. февруари).