Многу корисници ширум светот кои ја инсталираа новата верзија на оперативниот систем на Apple – iOS 14, забележале неочекувани промени на нивните уреди.
Корисниците велат дека Instagram пристапува до нивните камери дури и кога не се фотографираат. Корисниците велат дека сè повеќе ја забележуваат зелената точка која покажува дека е вклучена камерата, без разлика дали тие се фотографираат или не.
Casually browsing Instagram when suddenly the new iOS 14 camera/microphone indicator comes on. Then control panel ratted out the app behind it. This is going to change things. #iOS14 pic.twitter.com/EnTIRsqq3R
— KevDoy (@KevDoy) July 17, 2020
Од компанијата за Business Insider изјавија дека е во прашање грешка која се обидуваат да ја поправат и додадоа дека иако се појавува зелената точка, тоа не мора да значи дека Instagram пристапува до нивната камера.
Ова не е прв случај да се појави ваква грешка на оперативниот систем на Apple.
Извор: Klix.ba