Најновите информации сугерираат дека претстојниот Xiaomi Mi Band 5 ќе има подобрена поддршка за следење на работата на срцето, преку имплементација на SpO2 мерењето (сатурација на кислород во крвта). Некои од дополнителните функции на следење на здравјето ќе вклучуваат и следење на менструалниот циклус.

Претходно е сугерирано дека интернационалната верзија на паметната алка ќе добие NFC поддршка, која претходно беше ексклузивна само за Кина. Меѓутоа, новите информации фрлаат сомнеж на глобалната NFC поддршка, но ја споменуваат старата Mi Smart Band 5 верзија со бројот на модел XMSH11HM.

Xiaomi Mi Smart Band 5 ќе има поддршка за Amazon Alexa AI асистентот. Претходните генерации на паметната нараквица имаа NFC и микрофон за дигиталниот асистент, но работеа само со Xiao AI за кинескиот пазар.

Се очекува дека паметната алка ќе има зголеме екран од 1,2 инчи, со доста намалени рамки. Веројатно е дека Mi Band 5 најпрвин ќе биде претставен во Кина околу јуни, а по неколку месеци ќе биде објавен и глобално.