Системите со повеќе камери на задната страна станаа универзални откако производителите почнаа да пласираат на пазарот уреди со три или повеќе камери на почетокот на 2018. година. Според наводите на истражувачката компанија Omdia, телефоните со четири камери биле најпопуларни кај потрошувачите во текот на 2020. година.

Предноста на имплементирање на поголем број сензори е очигледна – со повеќе леќи и сензори телефоните можат да креираат подобри варијации на фотографии, без компромитирање на нивниот квалитет.

Omdia истакнува дека смартфоните со повеќе камери повеќе не ги смета за премиум модели. Оваа карактеристика стана се почеста, но и понеопходна и на моделите од средниот долниот сегмент.

Кога е во прашање третиот квартал на оваа година, речиси 60 проценти од испораките сочинуваа телефони со четири камери. Realme беше една од компаниите која не објави телефон со една камера на задната страна.