Иако Black Shark 3 не е долго време на пазарот, а Pro верзијата уште не се појавила на сите пазари, Xiaomi веќе се подготвува да го претстави наследникот.
На кинеската социјална мрежа Weibo се појави тизер за смартфонот Black Shark 3S, како и датум за неговата промоција – 31 јули.
Минатогодишниот Black Shark 2 немаше премиера заедно со Pro верзијата која подоцна понуди некои нови можности, а се очекува дека и 3S ќе има само минимални подобрувања.
Откако се појави Black Shark 3, на пазарот стигнаа и ривалите во сегментот гејмерски смартфони – Nubia Red Magic 5G, Asus ROG Phone 3 и Lenovo Legion Phone Duel, а многу од нив имаа подобри спецификации од уредот на Xiaomi.
Малку се знае за Black Shark 3S, а се очекува дека ќе има Qualcomm процесор Snapdragon 865 Plus. Black Shark 3 имаше стандарден Snapdragon 865, а подоцна стигна верзијата Pro со неколку оптимизации кои го направија уредот подобар за играње.
Исто така се очекува фрекфенција за освежување на екранот над 90Hz, како и повеќе RAM во однос на Black Shark 3 кој имаше 8 или 12 GB, зависно од моделот.
Извор: Klix.ba