Вселенскиот телескоп Хабл сними на почетокот на јули нова фотографија од Сатурн, која ја објави NASA. Фотографијата им овозможува на научниците да ги забележат промените на оваа планета.

„Остриот поглед на хабл дава слика на концентричната прстенеста структура“, објави NASA, забележувајќи дека прстените се составени од парчиња мраз „кои се движат од ситни зрна до огромни громади“.

Хабл кружи околу 340 милји над Земјата, а телескопот го сними овој детален приказ на Сатурн, додека планетата била во орбитата 839 милји од Земјата.

Ејми Сајмон од НАСА изјави дека во текот на годините забележуваат сезонски промени на Сатурн. Експертите на НАСА исто така велат дека на фотографијата го забележале јужниот пол кој ги покажува промените во зимската хемисфера на Сатурн.

Хабл направи револуција во модерната астрономија помагајќи им на научниците да чепнат во вселенските длабочини, а воедно и на обичните лаици им приреди купишта прекрасни слики од вселената која со голо око не се гледа.