Компанијата Apple најверојатно ја презакажа планираната презентација на новите модели од iPhone 12 серијата за еден месец подоцна, односно кон крајот на октомври.

Како што соопшти сајтот Бизнис инсајдер, во октомври ќе биде претставен моделот iPhone 12 со работа на 4G мрежата, а во ноември ќе биде претставен паметниот телефон што работи на 5G мрежа.

Според американските медиуми, одложениот датум на промоција се должи на временото запирање на работата на фабриките во Кина поради коронавирусот.

Bloomberg дознава дека Apple годинава ќе претстави четири паметни телефони: два модела на основиот iPhone 12 (5.4 инчи и 6.1 инчи) и два модела од  iPhone 12 Pro (6.1 инчи и 6.7 инчи). И овој извор потврди дека презентацијата на новите модели, која традиционално се одржува во септември, може да биде поместена за неколку недели.