Премиерот Михаил Мишустин изјави дека во Русија е докажано дека четири развиени вакцини против вирусот што ја предизвикува заразната болест Covid-19 се безбедни.

Како што истакна Мишустин, сите руски научно-истражувачки установи во моментов работат над вакцини. Меѓу другото, во развојот на вакцина се вклучени Министерството за образование и наука, Министерството за здравство, Федералната медицинско-биолошка агенција и „Роспотребнадзор“.

„Во овој момент имаме 17 научни организации вклучени во работата и повеќе од 26 видови вакцини, тоа е она што денес го знаеме. Според информациите од „Роспотребнадзор“, докажано е дека четири вакцини се безбедни, додека за две клиничките испитувања се во финална фаза. Тоа се Истражувачкиот центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеј“ и Министерството за одбрана”, рече рускиот премиер.

Покрај тоа, уште две установи се подготвуваат за почеток на испитувањата, „Вектор“ и Научно-истражувачкиот институт за вакцини и серуми, рече Мишустин поднесувајќи го извештајот за работата на владата во Државната Дума.

Извор: Russia Beyond