Samsung Galaxy Note20 Ultra ќе биде претставен на 5. август, а телефонот сега се појави во полн сјај на нови фотографии, заедно со спецификациите.
Според наводите на германскиот блог WinFuture, Galaxy Note20 Ultra ќе има 6.9-inčni WQHD+ 19.3:9 120Hz Dynamic AMOLED Infinity-O дисплеј, со punch-hole отвор за 10MP селфи камера и сензор за отпечатоци од прсти под екранот. Note20 Ultra ќе биде и првиот смартфон кој ќе користи Gorilla Glass 7 заштита.
На задната страна, Galaxy Note20 Ultra ќе има три камери: 108MP главна, 12MP ултраширока и 12MP телефото. Главната камера ќе може да снима 8K видео, ќе има ласерски автофокус, перископ објектив со 5x оптички зум и 50x Space Zoom опција.
Телефонот ќе го покренува Exynos 990 čipset (на европскиот пазар), заедно со 12GB RAM. Ќе бидат достапни и опции од 256GB и 512GB UFS 3.1 простор за складирање податоци, заедно со слот за microSD картички за дополнително проширување.
Кога е во прашање софтверот, Note20 Ultra ќе користи Android 10 со One UI 2.x кориснички интерфејс. Ќе бидат достапна и автоматска OneNote синхронизација и оптимизиран cloud гејминг преку Project xCloud, благодарение на партнерството на Samsung со Microsoft.
Уредот ќе го напојува 4500mAh батерија, која со полначот кој стигнува во пакетот ќе може да се наполни од 0-50% за 30 minuta. Останатите карактеристики вклучуваат S Pen stylus, 5G поддршка, USB-C 3.2, Bluetooth 5.x, NFC, Wi-Fi 6, GPS со две фреквенции, Samsung DeX, IP68 сертификат, поддршка за безжично полнење и AKG stereo звучник.
Samsung Galaxy Note20 Ultra ќе има и слот за две SIM картички и поддршка за eSIM функција. Ќе биде понуден во барем две бои – Mystic Bronze и Mystic Black, а цената ќе изнесува над 1000 евра. Повеќе фотографии се достапни во линот на изворот.
Извор: WinFuture