Цените на OnePlus Nord ќе изнесуваат 399 евра за верзијата со 8GB RAM и 128GB простор за податоци, како и 499 евра за верзијата со 12GB RAM и 256GB простор за податоци.

Бидејќи коронавирусот ја оневозможи вистинската презентација на новиот телефон OnePlus, компанијата ја приреди следната најдобра работа – презентација преку AR, односно преку прошиената реалност.

Така се запознавме со OnePlus Nord. Во голема мера се работи за враќање на она што во основа беа телефоните OnePlus, висококвалитетно искуство по прифатлива цена. Овој уред, кој е подготвен за 5G мрежата, го покренува мобилната процесор Qualcom Snapdragon 765G 5G. Цените на OnePlus Nord ќе изнесуваат 399 евра за верзијата со 8GB RAM и 128GB простор за податоци, како и 499 евра за верзијата со 12GB RAM и 256GB простор за податоци.

Nord има AMOLED екран со дијагонала од 6,44 инчи, резолуција од 1.080 x 2.400 пиксели со сооднос 20:9 и освежување на содржината од 90Hz, но без HDR поддршка.

Системот на камерата е таков што има вкупно шест, предната е двојна, а на задниот дел има четири леќи. Селфи-камерата е сместена на екранот и е двојна. Првата е со резолуција од 32 MP со големина на пикселот од 0,8 микрони, како и ултра широка камера со агол од 115 степени. Камерата користи комбинација на четири соседни пиксели во една технологија и би требало да има подобри селфи фотографии од серијата OnePlus 8.

Главната камера има четири леќи. Примарната леќа е 48 MP со f / 1,75 апертура, OIS и EIS поддршка за фотографии и видео снимање. Всушност, исто како и кај OnePlus8. Има зумирање до 2x преку т.н. сечење на сликата без губење детали и квалитет, што значи дека нема класичен зум. Ултра широката камера има резолуција од 8 MPx и опфаќа агол од 119 степени, исто така има и макро камера со резолуција од 2 MPx и ToF 3D камера со резолуција од 5 MPx за длабочина и несакан ефект.

Nord поддржува Warp Charge 30T, за кој OnePlus тврди дека ќе ја наполни батеријата од 4,115mAh на 70% за половина час. Тој го воведе таканаречениот паметен полнач, кој е присутен и во водечките телефони на OnePlus, со цел да се минимизира количеството на време што батеријата го поминува на 100%, со цел да го подобри севкупното траење.

Извор: Blic.rs