Помина доста време откако Samsung го објави последниот мини премиум телефон, а оние постарите S-mini модели беа премиум само според името. Сега непроверени и непотврдени извори сугерираат дека во подготовка е Galaxy S8 mini и дека во некој момент во иднината ќе се појави во Јужна Кореја.

Samsung Galaxy S8 mini според наводите ќе има 5,3-инчен екран со формат 18,5:9. Сугерираните спецификации во вклучуваат Snapdragon 821 чипсетот, 4 GB RAM и 32 GB простор за складирање. Тука е и системот за верификација преку скенерот за очи.

Споменатите спецификации се поблиску до премиум статус, отколку што било кога беше S5 mini (последниот mini во S серијата телефони), но за ова ќе се води полемика доколку гласините за Galaxy S8 mini воопшто се испостават како точни.