Lenovo Legion гејминг телефонот веќе некое време се појавува во информациите, а полека се приближуваме до објавата која е закажана за 22. јули. Сега ги имаме и официјалните рендери, кои откриваат како ќе изгледа уредот.

Lenovo официјално потврди дека Legion Pro ќе има 20MP селфи камера од страна на рамката. Рендерите сега откриваат и систем со два звучника, систем со две камери кој е сместен во средина на телефонот на задната страна, а тука е и dual-LED блиц сместен над Legion логото.

lenovo2_99.jpg

Селфи камерата најверојатно ќе служи и како алатка за препознавање на лицето, додека сензорот за отпечатоци од прсти е сместен под екранот. Кога е во прашање дисплејот, не е позната конкретната дијагонала, но се очекува дека ќе биде OLED тип со 144Hz стапка на освежување.

lenovo3_19.jpg
Останатите спецификации на Lenovo Legion Pro смартфонот вклучуваат Snapdragon 865+ чипсет и поддршка за 90W Super Flash Charge полнење.