Откако вчера се појави рендер на Samsung Galaxy Tab S7 таблет уредот, сега пристигнуваат нови информации за уредот, а се однесуваат на биометриска поддршка.

Ќе постојат две големини на Galaxy Tab S7 таблетот: од 11 и 12,4 инчи. Според најновите информации, помалиот модел од 11,7 инчи нема да има in-display сензор за отпечатоци од прсти, а наместо тоа ќе користи капацитативен читач сместен во копчето за вклучување од страна.

Од друга страна, поголемиот 12.4-инчен таблет ќе има оптички сензор за отпечатоци од прсти сместен во дисплејот. Не е познато дали Galaxy Tab S7+ ќе добие оптички или ултрасоничен сензор за отпечатоци.

Се очекува дека според останатите карактеристики, двата Galaxy Tab S7 модела во најголема мерка ќе бидат слични. Ќе ги покренува Qualcomm Snapdragon 865+ чипсет, а ќе има 5G и S Pen поддршка. Model S7+ ќе користи 10090mAh батерија, додека стандардниот S7 би требало да има батерија со капацитет 7700-7800mAh.

Екраните на уредите би требало да бидат AMOLED, додека звучниците ќе имаат AKG брендирање. Ниту еден од таблет уредите нема да биде водоотпорен.