Компанијата HMD Global го претстави паметниот телефон Nokia 8.1, кој под новата шема на именување го претставува наследникот на Nokia 7 Plus моделот. Меѓутоа, ова не е нов уред, туку Nokia X7 со поинакво име за западниот пазар.

Битните информации, објавени во текот на презентацијата се цената и достапноста на телефонот. Nokia 8.1 глобално ќе биде достапен од средината на декември, по цена од 399 евра.

Со оглед на тоа дека телефонот уште претходно беше објавен како Nokia X7, знаеме дека има 6,18-инчен PureDisplay IPS LCD со 1080p+ резолуција. Засекот во врвот на дисплејот содржи селфи камера од 20 мегапиксели.

На задната страна се наоѓаат две камери, од 12 MP и 13 MP. Главен е 12-мегапикселниот сензор  (1/2.55″, 1.4µm пиксели) и поддржува Zeiss оптика со оптичка стабилизација на сликата. Вториот сензор од 13 MP е длабочински.