Делува како изум на некој ексцентричен милијардер или геџет на таен агент 007.

Јапонија веројатно има најдолга историја на цунами, но уништувањата предизвикани од земјотреси во Индискиот океан во 2004-та година, претставуваат најразорни настани од овој вид во модерната историја чија последица е 230.000 смртни случаи.

Поранешниот аеро-вселенски инженер Џулијан Шарп добил идеја да изгради специјална hi-tech капсула за преживување која што ќе издржи земјотрес, цунами, циклони и ќе сочува животи на нејзините корисници.

Така настанал проектот ”капсула” изработен од најквалитетниот алуминиум, познат во авио-индустријата, а може да ја набавите по цена од 15.000 долари.

Врз основа на богатото искуство, Шарп направил прелиминарна скица, а останатото е историја.

„Отсекогаш размислував што би направил доколку местото во кое што живеам го погоди цунами. Идејата беше да се направи нешто едноставно и сигурно, а лесно за употреба“ – објаснил тој.

Можеби делува како изум на некој ексцентричен милијардер, но специјалната капсула ќе сочува многу животи кои што се наоѓаат во неволја.

Извор: Objektiv.rs