Светот веќе се подготвува за големото „враќање“ на коронавирусот наесен и тоа не сам, туку со многубројни „пријатели“ – мали сипаници, грип и други инфекции.

Секоја сезона нè напаѓаат до 200 различни видови вируси, но доминираат еден или пак два најопасни.

Докторите советуваат: искористете го ова време да го зајакнете вашиот имунитет. Тогаш шансите да бидете загрозени поради некаква инфекција се многу мали.

Ова се советите од руските доктори:

Свежиот воздух го зајакнува имунитетот, а сонцето создава „залихи“ во организмот – витаминот Д кој што помага во одбрана од инфекции.

Возење велосипед, трчање, прошетки во природа, било каква физичка активност ќе допринесат за вашето здравје.

Доколку се храните нездраво, сами ја отворате вратата за многу болести. Анализирајте го вашето мени: дали храната која што ја внесувате е разновидна, свежа, полна со витамини и минерали?

Доколку имате некаква хронична болест, тогаш немојте никогаш да ја занемарувате.

Престанете да пушите цигари.

Насмевката го продолжува животот. Стресот негативно влијае на одбранбениот систем на организмот.

Задржете ги добрите навики: мијте ги рацете, носете заштитна маска…