PC индустријата во текот на второто тримесечје од годината забележа скок, откако го имаше најслабиот квартал во последните неколку години. За овој раст на испораките на компјутери најмногу е залужна панемијата, која во голем број земји донесува уредби за самоизолација и работа од дома.

Според наводите на аналитичките компании Gartner и IDC, испораките на компјутери во вториот квартал биле поголеми на годишно ниво – Gartner истакнува дека вкупната испорака изнесувала 64,8 милиони уреди (зголемување од 2,8% во однос на второто тримесечје од 2019.), додека IDC сугерира глобална испорака од 72,3 милиони уреди, со зголемување од 11,2 проценти во однос на истиот период минатата година.

Двете компании порастот го припишуваат на зголемувањето на производството на PC уреди, откако синџирите на снабдување беа пореметени во текот на првото тримесечје, како и на зголемената побарувачка во моментот кога на поголем дел од корисниците им е потребен компјутер за работа или учење од дома. Сегментот на преносни или лаптоп компјутери оствари добри резултати, но двете аналитички компании се скептични дека оваа побарувачка ќе продолжи и по 2020. година. Се сугерира дека порастот на побарувачката е краткорочен, а најмногу е предизвикан од пандемијата на Ковид-19.

Gartner и IDC забележуваат и дека испораките на традиционални компјутери го надминаче очекувањата во САД, Европа, Средниот Исток и Африка. HP и Lenovo се на врвот на листата на PC производители, додека на третото место според испораките се наоѓа компанијата Dell.