Најновите информации за Samsung Galaxy Note20 линијата телефони покажуваат црн Galaxy Note20 на фотографиите кои ни ги овозможува @JimmyIsPromo.

Прикажаниот телефон е црн модел, со мат завршница, а се очекува дека ќе бидат достапни уште бои со мат завршница – слично на некои модели од Galaxy S20 линијата телефони.

Протечените рендери ни овозможуваат и подобар увид во системот со три камери на задната страна. Третата камера е перископ зум модел, а не е видливо Space Zoom 100X брендирање како на S20 Ultra телефонот.

@JimmyIsPromo, исто така, споменува дека S Pen и звучникот ќе бидат сместени од левата страна на USB-C портот, што одговара на претходните информации за тоа дека копчињата за вклучување и звук ќе бидат сместени од десната страна.

Samsung Galaxy Note20+ (или Ultra) во меѓувреме е забележан и на FCC листинг, со број на модел SM-N986U, кој и претходно се појавуваше во различните извештаи.