Само по неколку месеци, британската Влада ќе почне да го разгледува откажувањето на учеството на кинеската компанија Huawei во изградба на 5G мрежата во Британија, пишува весникот „Сандеј телеграф“.

Според весникот, центарот за врски со Владата ја ревидирал проценката на ризик при користењето технологии на кинеската компанија.

Експерти од разузнавачките служби заклучиле дека забраната наметната од американските власти за пристапот на Huawei во развој на САД, ќе ја принуди компанијата да користи непроверена технологија. Како резултат на тоа, ќе биде невозможно да се контролира ризикот од работата со нив во британските 5G мрежи.

Следната недела се очекува извештај, кој ќе содржи детална анализа по ова прашање, да биде испратен до премиерот Борис Џонсон.

Извори на весникот тврдат дека извештајот е радикална промена во проценката на ризикот, односно соработката со кинескиот технолошки гигант, што ги обединува ставовите на Лондон и Вашингтон за ова прашање.

Од своја страна, портпарол на Huawei истакна дека компанијата е „најтемелно проверен снабдувач во светот“, повикувајќи фокусот да се стави на фактите, а не на шпекулациите.