Откако се појавија фотографии од Galaxy Note20 Ultra моделот во Mystic Bronze варијанта, како и протечените рендери на Galaxy Watch 3 моделот во бронзена верзија, сега на ред дојде и Galaxy Z Flip 5G.

Дојавувачот @evleaks објави видео кое Samsung Galaxy Z Flip 5G го покажува од сите страна, како и во затворена и отворена положба.

Mystic Bronze верзијата на Galaxy Z Flip 5G уредот пристигнува во финиш во вид на матирано стакло. Покрај тоа, нема големи разлики во дизајнот помеѓу 5G и стандардната верзија на Z Flip смартфонот.

Разликата ќе биде поочигледна кога е во прашање интерниот хардвер, па Galaxy Z Flip 5G се очекува со Snapdragon 865+ чипсет, кој би требало да нуди работен такт преку 3GHz.

Се очекува дека Galaxy Z Flip 5G, заедно со Galaxy Note20 серијата и новиот Galaxy Fold, ќе биде претставен на почетокот на август.