Пред шест недели, Samsung го претстави Galaxy Tab A 10.1 (2019) – достапна алтернатива на Tab S5e моделот. Сега тука е покомпактниот модел со големина на екранот од осум инчи, а пристигнува со поддршка за S Pen.

Galaxy Tab A 8.0 (2019) има 8-инчен LCD екран, со 1920 x 1200p резолуција. S Pen делува како верзијата која пристигна со Glaxy Note 8 и може да се смести во слот во самиот таблет.

Tab A 8.0 користи Exynos 7904 чипсет и има 3GB RAM, 32GB простор за складирање (од кои 22GB се достапни за корисникот) проширлив преку microSD картичка до 512GB.

Таблетот има батерија со капацитет 4200mAh, која ветува до 11 часови преглед на веб содржини. Доколку се купи LTE моделот, и натаму е овозможено до 11 часа интернет во движење. Тежината на таблет уредот изнесува 325 грама и има дебелина од 8,9 милиметри.

Останатите спецификации вклучуваат 8MP камера на задната страна и 5MP селфи камера. Кога се во прашање опциите за конекција, тука се Wi-Fi ac, Bluetooth 5.0 LE и опционален LTE. Присутни се и USB 2.0 и 3.5 мм приклучок за слушалки.

Деталите за цената не се познати, а таблетот моментно е достапен во Велика Британија, Нов Зеланд и неколку азиски пазари.