Во претходните месеци се појавуваа гласини за Samsung Galaxy Note10 Pro моделот, кој ќе биде втор модел од новата Note серија. Судејќи според се, ова нема да име името на телефонот, туку неговото име ќе биде Galaxy Note10+ или Galaxy Note10 Plus.

Овој потег има смисла, бидејќи ја следи вообичаената номенклатура која ја има и Galaxy S10 серијата – стандарден и Plus модел. Исто така, се сугерира дека претстојната Note серија ќе ја сочинуваат три уреди: 6.4-инчниот Galaxy Note10, 6.7-инчниот Galaxy Note10+ и неговата 5G варијанта.

Се појавија и фотографии од Note10+ моделот во живо. Фотографиите не се со најдобар квалитет, но јасно покажуваат засек за една селфи камера во екранот, како и систем со три камери на задната страна.

Samsung Galaxy Note10 серијата би требало официјално да биде претставена на медиумски настан во Њујорк, што ќе се одржи на 7. август.