Иако луѓето не би можеле да ја вдишат вселената и да почувствуваат каков мирис има, бидејќи е во состојба на вакуум, кога астронаутите излегуваат на „вселенска прошетка“ честичките од околината паѓаат на нивните скафандери и се задржуваат на нив.

По ваквите излегувања, астронаутите рекле дека оделата им мирисаат на загорено или препечено месо.

Вселената всупност мириса како автомобилска тркачка патека – тоа е комбинација на вжештен метал, гасови од согорување на дизелот и мирис на чад од скара, а изворот на овој мирис се ѕвездите што умираат, велат научниците.

Нуспојава на згаснувањето на ѕвездите е тој непријатен мирис на полициклични ароматични јеглеводороди.

Овие молекули се расфрлани по целата вселена, вели Луис Аламандола, основач и директор на лабораторијата за астрофизика и астрохемија при истражувачкиот центар „Ејмс“ на НАСА.

Мирисот на вселената бил толку истражуван, што пред три години НАСА побарала од компанијата „Omega Ingredients“ да го создаде тој мирис за да се користи во тренинзите и симулациите на астронаутите.

„Неодамна направивме мирис на Месечината, астронаутите рекоа дека мириса на барут“, велат од компанијата.

Научниците велат дека Сончевиот систем е особено ароматичен бидејќи е полн со водород, а има малку кислород.

Ѕвездите богати со кислород имаат арома што потсетува на скара на јаглен, а надвор од Млечниот пат мирисите најверојатно се многу интересни.

Во мрачните делови на вселената молекуларните облаци полни со честички ситна прашина имаат цела палета мириси –  од слатка арома на шеќер до смрдеа на расипани јајца.

Извор: Кајгана