Новото правило е воспоставено за да запре понатамошното ширење на сет-топ уредите што доаѓаат целосно преинсталирани со Kodi или друг пиратски софтвер

Facebook ја ажурираше својата Commerce полиса за да ја вклучи забраната на производите или ставките кои го олеснуваат или охрабруваат неовластениот пристап до дигиталните медиуми. Новото правило е воспоставено за да се запре понатамошното ширење на сет-топ уредите што доаѓаат целосно преинсталирани со Kodi или друг пиратски софтвер.

Едноставни за користење, овие уреди што најчесто доаѓаат од Кина ја доведоа приратеријата до целосно нова публика, а со тоа сега на разни начини се борат и анти-пиратските одделенија, меѓу кои е и притисокот на сервисите на кои се продаваат. Поради тоа, Facebook ја забрани продажбата на овие уреди на својата платформа. Новото правило 13 се однесува токму на ваквите уреди. Потегот кој го направи Facebook е сличен на оној што го видовме од Amazon во март оваа година.