Пред неколку месеци дознавме дека следната WoW експанзија ќе биде објавена во ноември, а сега го знаеме точниот датум.

Blizzard започна со преднарачки за World of Warcraft: Dragonflight во јуни, но до сега не го потврди точниот датум на објавување. Dragonflight ќе биде официјално објавен на 28 ноември.

World of Warcraft: Dragonflight носи нова раса и класа за играње во играта – Dracthyr Evoker. Експанзијата ќе го испрати играчот во нова авантура во домот на змејовите и ќе понуди враќање на корените на World of Warcraft во сегментот на високата фантазија.

Максималното ниво ќе биде зголемено на 70, а играчите ќе можат да научат нова вештина – Dragonriding, која ќе вклучува движење низ воздухот и ќе бара одредени вештини. Системот за таленти во играта исто така е преработен, професиите се подобрени и интерфејсот на играта е ажуриран.

Ќе има неколку верзии на проширувањето: Основно издание (50 долари), Херојско издание (70 долари) и Епско издание (90 долари).