iPad моделите од последните неколку години го поддржуваат користењето на екстерни тастатури и глувчиња. Меѓутоа, ова воглавно се сведува на генерална употреба, како што пишување во документи, пребарување, испраќање мејлови и слично. Меѓутоа, ова наскоро би можело да се промени, бидејќи Apple планира да овозможи поддршка за гејминг преку маус и тастатура на iPad.
Со претстојната iPadOS 14 верзија, Apple ќе им овозможи на гејмерите да ги користат своите тастатури и глувчиња за гејминг. Во најголем дел, гејмингот на iPad уредите вклучуваше користење на контроли на екранот и гејминг контролери, така што имплементирањето на маус и тастатура ќе им овозможи на гејмерите повеќе да ужуваат во игрите.
На програмерите им е оставено да додаваат поголема поддршка за тастатура и глувче во своите апликации. Ќе биде интересно да се виид и какви идео за нови игри програмерите ќе имаат за да ги искористат предностите на новите опции на контролирање на игрите.