OnePlus се подготвува за зачекори на пазарот на достапни паметни телевизори, со објава на нови модели во Индија. Компанијата потврди дека новите ТВ уреди ќе имаат почетна цена околу 265 долари. Сега е објавен нов тизер кој сугерира дека ќе бидат претстави три модели на телевизори. Најевтиниот модел ќе чини 265 долари, средниот 395, додека најскапиот телевизор ќе се продава по цена од околу 660 долари.

Познато е дека претстојните OnePlus Smart TV уреди ќе имаат 95% screen-to-body однос, како и покриеност од 93 проценти на DCI-P3 спактарот на бои, како и подобро искуство на преглед на содржини со Dolby Vision и Dolby Atmos. Телевизорите ќе имаат дебелина од 6,9 милиметри.