Во Пекинг неодамна била пуштена во употреба мобилната лабораторија на надувување за тестирање на Ковид-19, чиј капацитет е по 30.000 тестови дневно.

Истата е поставена во спортски центар во областа Дасинг во Пекинг.

Лабораторијата со име „Огнено око“, има девет комори на надувување од кои три комори служат за примање на примероците, а во останатите шест се наоѓаат 14 автоматски машини за тестирање на Ковид-19.

Секоја машина може да тестира по 96 примероци на Ковид-19 истовремено.

„Работата на лабораторијата од овој тип значајно ја подигнува ефикасноста на тестовите на нуклеинска киселина“ – изјавил Лоу Син, претставник од кинеската компанија за биолошка технологија и генетика „BGI“.

Извор: Kurir.rs